Македонско-косовски бизнис форум: Да се отстранат бариерите

Беџет Пацоли и Ѓорѓе Иванов

Македонските и косовските стопанственици треба да најдат нови форми за продлабочување на соработката, за заеднички вложувања во инфраструктурни и енергетски проекти и настап на трети пазари. Властите, пак, во двете држави да ги отстранат постојните бариери, првенствено инфраструктурите, и да создадат поволна бизнис клима за странски инвестиции во интерес на равој на регионот. Ова се пораките на претседателите на Македонија и Косово Ѓорѓе Иванов и Беџет Пацоли и учесниците на македонско-косовскиот бизнис форум, што се одржува денеска во Скопје. Вкупната трговска размена на Македонија со Косово во 2010 година споредено со 2009. е зголемена за 41 процент. Во 2009. изнесуваше 324 милиони долари, а лани достина 459 милиони долари. Според претседателот Иванов, и покрај добрите резултати, не треба да се задоволуваме со досега постигнатото бидејќи секогаш може да се постигне повеќе.