Потрага по киднапираните естонци во Либан

Министерството за надворешни работи на Естонија интензивно работи на ослободување на 7-темина естонски туристи кои беа киднапирани вчера во Либан. Туристите биле пресретнати од вооружени лица кои ги принудиле да влезат во две комбиња и ги одвеле во непознат правец.