Груевски ќе се сретне со Папандреу во Брисел

Македонскиот премиер Никола Груевски денеска ќе се сретна со грчкиот колега Јоргос Папандреу на маргините на Европскиот Самит во Брисел. Владата соопшти дека на средбата двајцата премиери ќе разговараат за прашања од билатерален и регионален интерес, што претставува , како што е наведено во соопштението, продолжение на процесот на продлабочување на дијалогот помеѓу двете земји.