Повторно протести во Загреб за смена на власта

Антивладин протест во Загреб, Хрватска

Околу 2 илјади демонстранти собрани преку социјалната мрежа Фејсбук синоќа во Загреб повторно бараа смена на владата и распишување на предвремени избори.
Демонстранти им изразија поддршка на новинарите од „Вечерни лист“ кои штрајкуваат поради спорот со работодавците околу колективните договори. Ова е 14 - типротест на улиците на Загреб, кој се организира на Фејсбук во последниве два месеца.
Слични протести синоќа се одржаа и во Ријека и Пула.