Британија ја затвори амбасадата во Јемен

Жени во Јемен се молат за време на демонстрациите против лидерот на земјата

Велика Британија соопшти дека ја затвори својата амбасада во Јемен. Британското министертво за надворешни работи соопшти дека само мал дел од персоналот во амбасадата ја напуштил земјата.Во Јемен се води крваво насилство за симнување од власт на лидерот Али Абдула Салех. Претходно Салех им даде големи овластувања на безбедносните сили за апсење на демонстранти. Јеменските опозициски сили повикаа на протестен марш по петочните молотви пред претседателската палата во Сана со барање да се симне Салех од власта. Во понеделникот претседателот на Јемен Али Абдула Салех изјави дека ќе отстапи од функцијата само по спроведување на парламентарни избори кои се закажани во јануари догодина.