Нови немири во Сирија, петнаесетмина загинати

од немирите во Дара

Најмалку 15 лица загинаа денеска во судири во Сирија во операција на безбедносните сили за разбивање на про-демократските демонстрации во градот Дара. Претходно шестмина загинаа во напад на џамија во градот кој се наоѓа во југот на земјата. Сиријските власти обвинуваат „вооружени групи“ за иницирање на немирите. Демонстрантите бараат поголеми слободи како и крај на владеењето на претседателот Башар Ал Асад, кој е на власт од 2000 година. Политичката партија на лидерот владее со земјата од 1963 година.