Милошоски: Македонија може да смета на поддршката на Холандија

Македонија може да смета на поддршката на Холандија за евроинтеграциите, изјави во Хаг министерот за надворешни работи Антонио Милошоски по средбата со неговиот холандски колега Ури Розентал. На средбата станало збор и за визната либерализација и како таа се применува за граѓаните на Република Македонија. Министерот Милошоски попладнево ќе се сретне и со Роберт Де Хроот генерален директор за европска соработка, како и со група пратеници во холандскиот парламент при што, меѓу другото, ќе информира за актуелните достигнувања на Република Македонија во однос на исполнувањето на критериумите за членство во ЕУ и НАТО.