Путин е задоволен од разговорите во Србија

Рускиот премиер Владимир Путин изјави дека е задоволен од начинот на кој течат разговорите во Белград по приоритетните точки на соработка меѓу двете земји - енергетиката, сообраќајот и екологијата. Путин имаше кусо обраќање на почетокот на состанокот на делегаците на владите на Србија и Русија. На почетокот на состанокот српскиот премиер Мирко Цветковиќ изјави дека денешната посета на Путин ги зацврстува политичките врски меѓу двете земји и придонесува за унапредување на соработката. „Оваа посета ја сметам за уште една потврда на традиционалното пријателство меѓу Србија и Русија и блискоста меѓу српскиот и рускиот народ“ рече Цветковиќ. Путин изрази задоволство од конструктивниот дијалог кој се водел на состанокот. „Веќе имав детални разговори со претседателот на Србија за тие теми“ додаде Путин.