Гејтс пристигна во Египет на разговори за Либија

Роберт Гејтс

Американскиот државен секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска пристигна во Каиро на разговори за Либијскиот конфлит и потврдување на американската подршка за спроведување на демократски реформи во Египет. Ненајавената посета на Гејтс следи по одлуката на САД и сојузниците за воена интервенција во Либија. Државниот секретар би требало да ги брифира премиерот и министерот за одбрана на Египет за напредокот во операциите во северноафриканската земја. Инаку официјален Вашингтон во последно време поинтензивно лобира за подршка од арапските земји за воената интервенција во Либија, која е со цел заштита на цивили и затворање на воздушниот простор над земјата.