Нови критики од Турција за интервенцијата во Либија

Турскиот претседател Абдула Ѓул денеска го критикуваше „опортунизмот“ на некои држави, кои учествуваат во меѓународната интервенција врз Либија, наведувајќи дека нивното однесување предизвикува сомнежи во нивните вистински амбиции. „Дури и земји кои до вчера беа најблиски до тие диктатори и предизвикуваа незадоволство кај своите народи, денес одат до крајности“ додаде Ѓул. Поради тоа лидерот се сомнева во амбициите одредени држави за Либија, земја богата со нафта. Турција е против вмешувањето на НАТО во Либија и смета дека операцијата треба да остане иницијатива на Обединетите нации, која донесува одлуки.