Јапонија: радиoактивност во храната и водата

Јапонските власти денеска предупредија дека водата за пиење во Токио имала двојно поголема радиоактивност од онаа што се смета за здрава за децата. Во меѓувреме нов чад се појавил од нуклеарната централа Фукушима што ја зголеми загриженоста од натамошно ширење на радиоактивноста. Поради тоа јапонската влада донесе одлука за забрана на испорака на зеленчук од подрачјето кое се смета за контаминирано. Нуклеарката Фукушима беше оштетена во земјотресот и цунамито што на 11 март ја погодија Јапонија.