Карзаи бара талибанците да учествуваат на мировни разговори

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи повторно ги покани талибанците да им се приклучат на мировните разговори и побара од нив да престанат да ги палат училиштата во земјата. На првиот работен ден по авганистанската Нова година Карзаи изјави дека образованието е клучен елемент за повторна изградба на авганистанското општество.