Кина бара продолжување на разговорите за Иран

Иранската нуклеарна постројка во Бушер

Кина побара продолжување на дијалогот за надминување на ќорсокакот околу иранската нуклеарна програма. Државната новинска агенција Хсинхуа притоа го повтори ставот на официјален Пекинг дека Техеран има право на употреба на нуклеарната енергија за мирољубиви цели.