НАТО ќе ја командува операцијата во Либија

САД, Франција и Велика Британија се согласиле дека НАТО треба да има клучна улога во командувањето на воената операција на меѓународната коалиција во Либија, изјави синоќа портпаролот на Белата куќа Бен Роудс. Тој истакна дека американскиот претседател Барак Обама разговарал со британскиот премиер Дејвид Камерон и со францускиот претседател Никола Саркози, при што го разгледале значителниот напредок остварен во настојувањето да се запре походот на силите на либискиот лидер Моамер Гадафи кон источниот либиски град Бенгази.