Американски санкции за 14 либиски компании

САД вчера воведоа санкции спрема 14 компании кои се под контрола на либиската Национална нафтена корпорација. Адам Сабин, директор на бирото за контрола на странски имот во американското министерство за финансии, изјави дека таа корпорација е главен финансиер на режимот на Гадафи и оти во согласност со резолуцијата на Советот за безбедност на ОН, сите влади во светот треба да го блокираат нејзиниот имот. Таквата одлука значи дека е замрзнат имотот или сметките на која било од 14-те фирми на територијата на САД, а на сите американски државјани им се забранува работењето со нив.