Средба на претседателите на Словенија и на Хрватска

Јосиповиќ и Тирк

Во словенечкиот град Оточец на Крка денеска неформална средба ќе имаат претседателите на Словенија и на Хрватска Данило Тирк и Иво Јосиповиќ. Според најавите, тие ќе разговараат за билатералната соработка, за односите во регионот, како и за најновиот развој на настаните во Средоземјето.