Светски ден на метеорологијата

Светскиот ден на Метеорологијата 23 март оваа година се одбележува со темата „Клима за вас“. По тој повод Генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Мишел Жаро изјави дека 2010 година била една од најтоплите години досега, што го потврдува долгорочниот тренд на затоплување. Тој нагласи дека активностите на организацијата се насочени кон една клучна цел- до 2019 година да се преполови бројот на смртни случаи предизвикани од катастрофи со метеоролошко и хидролошко потекло, а до 2015 година да се искорени екстремната сиромаштија и гладот.