Четворица загинати во израелски воздушен напад во Појасот Газа

Уништен објект во Газа

Четворица загинале а тринаесетмина се повредени во појасот Газа во воздушен напад на Изралексите сили, соопштија денеска палестинските власти. Тројца од загинатите биле деца. Израелската армија потврди дека истрелала проектили кон источниот реон на Појасот и изразија жалење за евентуални цивилни жртви. Нападот се случува два дена откако изралеки авиони бомбардираа локации на кои наводно се наоѓале објекти на милитанти.