Двајца од петмина млади луѓе во Србија се без работа

Заменик-директорот на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), Мерилин Шмит денеска во Врање изјави дека Србија е втора земја во светот по бројот на млади кои по завршувањето на образованието ја напуштаат земјата. Таа нагласи дека алармантни се податоците за бројот на невработените млади луѓе во Србија, особено во општините во јужниот дел на земјата. „Исто така алармантни се податоците дека од пет млади луѓе на возраст од 18 до 25 години, двајца немаат работа. Мораме да сториме се тој однос да се смени во нивна корист“ рече Шмит.