Донесен законот за задолжување кај ЕБОР за дел од Коридорот 10

Пратениците во рамките на второто продолжение на 143 седница денеска го донесоа Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската банка за обнова и развој по Договорот за заем за Проектот за изградба на автопатот на Коридорот 10, на делницата Демир Капија - Смоквица. Заменик-министерот за финансии Недим Рамизи појасни дека овој проект, според подготвениот основен и изведбен проект изнесува околу 245 милиони евра и неговото финансирање ќе се врши од повеќе извори и тоа грант средства од Европска Унија преку ИПА, заем од Европската инвестициона банка, заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и пари од Буџетот на Република Македонија.