УНЕСКО ќе и додели 100,000 долари на Македонија

Струшките вечери на поезијата

УНЕСКО ќе и додели на Македонија 100.000 долари од редовната програма за партиципација за 2010-2011 година со кои ќе бидат финансирани еден проект од културата и три од образованието и науката. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, која е и претседател на Националната комисија на УНЕСКО, денеска на прес-конференција соопшти дека 22 илјади долари од УНЕСКО се наменети за 50-тото издание на Струшките вечери на поезијата, најзначајната поетска манифестација на Балканот чиј јубилеј годинава ќе биде одбележан токму под покровителство на Организацијата на ОН за образование, наука и култура. Останатите средства од донацијата на УНЕСКО се за два проекта од образованието и еден од науката.