Изборот на Претседател на ДИК повторно во Собранието

Собрание на РМ

Македонското Собрание денеска треба да ја продолжи 143. седница, на чиј дневен ред меѓу другото е и Предлог - одлуката за избор на Претседател на Државната изборна комисија.
Пратениците ќе расправаат и за предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за државните службеници, на Законот за јавните службеници, по скратена постапка, како и на законите за тутун и тутунски производи, за градење, за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија 2011 година, по скратена постапка.
Пратениците ќе го разгледуваат и Извештај за работата на Судскиот совет на Република Македонија за 2010 година, како и годишниот извештај за работата на Советот на јавните обвинители на Република Македонија за 2010 година