Британскиот парламент го поддржа учеството во Либија

Британскиот парламент синоќа го подржа учеството на британските сили во воената интервенција на меѓународните сили во Либија. За учество на британските вооружени сили во спроведувањето на резолуцијата на ОН која налага употреба на сите расположиви сретства за да се заштитат цивилите во Либија, гласаа 557 пратеници од Долниот дом, додека само 13 биле против.