Протести во југот на Сирија

од демонстрациите во Дара

Стотици луѓе се собраа на протести во градот Јасем во југот на Сирија денеска. Демонстрантите изразуваат незадоволство од случувањата во градот Дара, каде едно лице загина во судирите меѓу народот и полицијата. Власта во Сирија денеска беше субјект на критики на организациите за човекови права. Сара Витсон, од меѓународната „Хјуман Рајтс Воч“ денеска ја обвини сиријската Влада за немање грижа на совест и стрелање на сопствениот народ кој сакал слободно да се изразува.