Протести во Црна Гора, стотици се насобраа во Подгорица

Подгорица: Од првите „Фејсбук протести“ во Црна Гора

Стотици граѓани на Црна Гора, организирани преку Фејсбук во групата „Со улични протести против мафијата“ денеска протестираа пред зградата на Парламентот во Подгорица. Демонстрантите носеа транспаренти „Сакаме промени“ и „Лукшиќ, застани пред нас“. Протетот беше поддржан и од членовите на Движењето за промени од лидерот на Нова српска демократија, како и од членовите на Социјалистичката народна партија.