Камерон: Коалициските сили успеаа да спречат можен крвав масакар во Либија

Дејвид Камерон

Коалициските сили успеаа да спречат можен крвав масакар, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон во своето обраќање во британскиот Парламент во врска со воената интервенција во Либија. „Јас бев јасен. Јас сметам дека Либија треба да се ослободи од Гадафи. Но на крај, нашата цел е да ја охрабриме резолуцијата на Обединетите нации а Либијците бираат кој ќе им биде лидер“ рече Камерон одговарајки на пратеничко прашање. Основната цел на коалициските партнери кои ја подржуваат резолуцијата на Советот за безбедност е да се обезбедат услови за затворање на воздушниот простор над северноафриканската земја, појасни Камерон. Тој гарантираше дека Британија ќе се придржува кон тоа што е напишано во документот каде не се наведува ангажирање на копнена инвазија на Либија.