Поскапе лебот во одредени маркети во Прилеп

Помалите пекарници во Прилеп ја зголемија цената на лебот за три до пет денари. Зголемувањата на цената, како што велат трговците, следува по примерот на битолскиот производител „Млин Стојчев“, кој ја покачи цената на лебот за два денари. Засега непроменета - 20 денари останува цената на лебот од најголемиот производител во градот - Жито Прилеп. Тие велат дека сега не рамислувале за повисоки цени на лебот, туку на зголемување на производството од 13.000 на 15 до 20.000 лебови дневно.