Игнорирани предупредувањата за рудникот во Пакистан

Спасувачките екипи извлекоа уште осумнаесет дела од рудник за јаглен во северозападниот дел на Пакистан, со што бројот на загинати се искачи на 24 лица. Ејсплозијата во рудникот, која настана во неделата, била предизвикана од запален метан гас, изјави инспекторот за рударство Ификар Ахмед. Ископувачиштето било прогласено за зона на опасност пред две недели, но Ахмед вели дека предупредувањата биле игнорирани.