ВМРО - НП најави учество на предвремени избори

Љубчо Георгиевски

ВМРО-НП ќе учествува на вонредните парламенетарни избори, а кампањата ќе ја води почесниот претседател Љубчо Георгиевски, беше соопштено на денешната Годишна конференција на партијата. Според Георгиевски, на изборите на граѓаните треба да им се понудат реални решенија кои ќе им обезбедат благосостојба.