Ослободен лидер на забранета партија во Иран

Ебрахим Јазди

Лидерот на забранета либерална партија во Иран, кој беше уапсен на први октомври минатата година, беше ослободен денеска, јави иранската новинска агенција „Ирна“. Осумдесет годишниот Ебрахим Јазди беше уапсен во градот Исфахан, заедно со уште неколкумина членови на Движењето за слобода на Иран. Тој и претходно беше приведуван, во 2009 година за време на немирите кои настанаа по претседателските избори во земјата.