Косовскиот претседател утре во посета на Албанија

Беџет Пацоли

По покана на претседателот Бамир Топи, косовскиот претседател Беџет Пацоли утре ќе допатува во дводневна официјална посета на Албанија. Пацоли ќе има средби и со премиерот Сали Бериша, со претседателката на Парламентот Јозефина Топали, каде ќе има и свое браќање пред пратениците, како со градоначланикот на Тирана и лидер на опозициските социјалисти Еди Рама.