Русија жали за интервенцијата врз Либија

Од вчерашниот состанок во Париз

Русија жали за воената интервенција во Либија и побара прекин на насилството во северноафриканската земја, соопштија од Руското министерство за надворешни работи. Портпаролот на руското МНР Александар Лукашевич дополни дека резолуцијата на Советот за безбедност при Обединетите нации, со која се одобрува воена интервенција, била усвоена на брзина. Русија, земја членка на Советот за безбедност со право на вето, не го искористи своето право за оспорување на одлуката на Обединетите нации при гласањето на резолуцијата во четвртокот. Таа беше една од петте земји која беше воздржана во гласањето. Така, одлуката на светската организација беше усвоена со десет гласа „за“ и ниту еден „против“.