Туркменстан ги призна странските дипломи

Претседателот Гурбангули Бердимукхамедов

Претседателот на Туркменстан нареди признавање на странските образовни квалифдикации во земјата, повлекувајки закон кој ги спречуваше лицата со странски дипломи да се вработуваат во државната администрација. Претседателот Гурбангули Бердимукхамедов, на владина седница изјави дека од странските дипломци се очекува спроведување на амбициозни програми за реформи. Инаку, Туркменстан веќе неколку години се обидуваше да ги спречи своите државјани да студираат во странство. Критичарите забележуваа дека ваквата политика создала дефицит од соодветно квалификувани кадри во државните служби.