Протести во Турција за ослободување на притворените новинари

Оклу 2,000 лица денеска одржаа марш во Анкара, Турција, барајки ослободување на новинарите кои се притворени под обвинениа за наводна инволвираност во план за рушење на власта во земјата. Насобраните, многумина од кои медиумски работници, исто така побарале реформа на турските закони за медиуми, кои во сегашната формулација, овозможуваат кривично гонење на новинари за нивни текстови. Денешните протести се случуваат по неполни две недели откако турските власти приведоа седуммина новинари под сомнениа за анти-владини активности. Околу 400 лица, меѓу кои полицајци, војници и вработени во медиумите, се осомничени за наводно планирање на бунт против власта.