Забранета продажба на јапонска храна произведена во Фукушима

Воен хеликоптер истура вода на реакторите во нуклеарната централа во Фукушима

Јапонските власти ја забранија продажбаѕта на храна произведена во близина на нуклеарната централа во Фукушима. Од Меѓународната агенција за нуклеарна енергија при Обединетите нации соопштија дека во прехрамбените производи кои потекнуваат од овој реон е забележана радиоактивност која е штетна по здравјето на луѓето. Во меѓувреме, јапонските инженери продолжуваат со напорите за спроведување на електрична енергија до системите за ладење на нуклеарните реактори во Фукушима. Јапонските власти ја промениа оценката за состојбата со нуклеарката. Наместо четворка, сега ситуацијата е оценета со петка на скала од еден до седум. Согласно меѓународната класификација, со седмица се обележува нуклеарна катастрофа како Чернобил.