Илјадници луѓе бегаат од источниот дел на Либија

Од атмосферата во Бенгази

Илјадници луѓе бегаат од Бенгази, градот во источниот дел на Либија каде трупите лојални на лидерот Муамар Гадафи се судираат со бунтовниците. Војниците ја почнале офанзивата во западните предградија на населеното место, прекршуваки го прекинот на оган кој самата Влада вчера го прогласи. Од власта се правдаат дека војниците пукаат во самоодбрана против нападите на бунтовниците. Инаку, можноста за воена интервенција во северноафриканската земја денеска ќе биде тема на разговор меѓу светските лидери кои се собраа во Париз.