Јапонија: спасен по осум дена под урнатини

Спасувачки екипи во Јапонија успеале да извлечат преживеан под уранитините на една зграда, осум дена откако земјата беше погодена од силен земјотрес и цунами. Се наведува дека станува збор за 20 годишен човек кој бил пронајден во урантини во префектурата Мијаги. Јапонската полиција соопшти дека од силниот земјотрес и цунамито што ја погодија земјата на 11 март, загинале скоро 7 илјади и 200 луѓе додека над 11 илјади се водат за исчезнати.