Соборен авион кај либискиот град Бенгази

Жестоки бомбардирања одекнуваат денеска југозападно од Бенгази, главното упориште на бунтовниците против либискиот режим на Муамер Гадафи. Агенцијата Асошиетед прес јави дека над Бенгази бил соборен еден авион на силите на Гадафи. Во близина на центарот на градот одекнале четири експлозии и црни облаци од чад се надвивале над еден станбен кварт. Вчера американски официјални претставници го обвинија Гадафи за кршење на новата резолуција на Советот за безбедност на Обединетите нации со која се бара итен прекин на огнот. Претходно владата во Триполи соопшти дека го почитува прекинот на огнот и покани меѓународни посматрачи за да го потврдат тоа.