Гејтс од недела во посета на Русија

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс утре ќе замине во посета на Русија на разговори за ситуацијата на Блискиот Исток, во Авганистан и за плановите за против-ракетна одбрана, соопшти Пентагон. Предвидено е Гејтс, меѓу другите, да има средба со неговиот руски колега Анатолиј Средјуков, како и со рускиот претседател Дмитриј Медведев.