Јапонија бие битка со нуклеарна и хуманитарна криза

Јапонија и натаму бие битка со нуклеарна и хуманитарна криза. Продолжуваат одбидите за ладење на реакторите во нуклеарната централа Фукушима, но ситуацијата и натаму е сериозна. Во меѓувреме, околу половина милион луѓе кои останаа без своите домови по земјотресот и цунамито пред една недела, сеуште се соочуваат со недостиг од храна и вода. Официјално е потврдена смртта на околу 7 илјади лица, а над 10 илјади се водат како изчезнати.