Нема напредок во преговорите меѓу кипарските Грци и Турци

Претседателот на Република Кипар Димитрис Христофиас изјави дека нема напредок на преговорите меѓу двете заедници за повторно обединување на островот.
Според нето тоа се должи на фактот дека и покрај уверувањата на новото раководство на кипарските Турци, дека преговорите ќе продолжат на истата основа, многу од позициите на турската страна или се враќаат наназад или излегуваат од договорената основа, која предвидува во Кипар да биде создадена бизонална, федерација на две заедници и која ќе се потпира на резолуцијата на Обединетите нации за една држава со едно државјанство и еден суверенитет на островот.