Германија и Русија нема учествуваат во воена интервенција во Либија

Германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле денеска изјави дека Германија не сака да учествува во евентуална војна во северна Африка, со што ја правдаше воздржаноста на неговата земја при гласањето во Советот за безбедност за зоната за забрени летови над Либија. Вестервеле додаде дека Германија има разбирање оние што се за воена интервенција во Либија. Во меѓувреме, и Русија соопшти дека нема да учествува во можната меѓународна воена операција во Либија.