Либија го прекина воздушниот сообраќај, соопшти Еуроконтрол

Европската агенција за воздушен сообраќај соопшти дека Либија го затворила својот воздушен простор за сите летови. Еуроконтрол објави дека според последните информации од Малта, контролниот центар во Триполи веќе не прифаќа никаков воздушен сообраќај.