Саудискиот крал ќе и се обраќа на нацијата

Саудискиот крал Абдула се очекува денеска во телевизиско обраќање до нацијата да објави серија декрети. Неговото обраќање е прво од почетокот на протестите во повеќе земји во тој регион. СЕ очекува кралот Абдула да објави владини реформи и мерки за битка против корупцијата и растот на цените.