Лидерска средба кај претседателот Иванов

Претседателот Ѓорге Иванов за денеска доцна попладне закажа средба со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Бранко Црвенковски и на ДУИ Али Ахмети, во обид да се надминат отворените политички прашања во врска со предвремените парламентарни избори, бојкотот на Собранието и обновување на дијалогот власт-опозиција. Средбата на партиските челници со шефот на државата ќе се одржи во претседателската вила „Водно“.
Како што информираат во кабинетот на Иванов, лидерите на ВМРО-ДПМНЕ, на СДСМ и на ДУИ ја прифатиле поканата на претседателот и го потврдиле учеството на средбата.