Советот за безбедност при ООН пред полноќ ќе гласа за Либија

Вечерва околу 23 часот ќе се гласа за предлог – резолуцијата за затворање на воздушниот простор над Либија, рече денеска пратеникот на Британија Марк Лајал Грант. Со предлогот, освен забрана за летање над северноафриканската земја, се бара и превземање на сите потребни мерки за да се заштитат цивилите на кои им се заканува напад. Предлогот го доставија пратениците на Франција и Британија а истиот беше подржан и од лидерите на арапските земји. Претходно, генералниот секретар на НАТО Андрес Фог Расмусен рече дека иако времето истекува, се уште не е касно да се интервенира во Либија. Американскиот државен секретар Хилари Клинтон изрази подршка за предлог-резолуцијата. Во меѓувреме, либијската државна телевизија јави дека силите на Гадафи се во близина на Бенгази, центарот на бунтовниците во источниот дел на земјата.