Ерменија и Азербејџан разменија затвореници

Нагорно Карабак

Ерменските и азербејџанските власти денеска направија размена на затвореници, потег кој би требало да придонесе кон намалување на тензиите меѓу двете страни, кои настанаа поради реонот Нагорно Карабак. Азербејџанските власти разменија ерменски граѓанин за припадник на нивните воени сили. Меѓународниот комитет на Црвениот крст ја надгледуваше размената.