Триесетмина убиени во ракетен напад во Пакистан

Триесетмина загинале во напад на американско безпилотно летало во северозападниот дел на Пакистан денеска, јавија медиумите. Безбедносните сили потврдија дека ракетите удриле во објект на талибанските милитанти во градот Дата Кел, во реонот Вазиристан во близина на границата со Авганистан. Во ракетен напад во оваа област во петокот беа убиени петмина милитанти.