Обединетите нации се загрижени за состојбата во Бахреин

Високиот комесар за човекови права при Обединетите нации Нави Пилај рече дека извештаите за апсења, убиства и арбитражни апсења во Бахреин се шокантни. Во извештај на меѓународната „Амнести Интернешнл“ се изложуваат критики за „системстска употреба на прекумерна сила“ против демонстрантите. Вo документот се надополнува дека дванаесетмина загинале во изминативе четири недели. Немирите во кралството настанаа во знак на незадоволство на Шиитите од владеењето на сунитската монархија. Кралот прогласи вонредна состојба и ја предаде контролата во земјата на војската.