Меркел вети брза транзиција кон обновливи извори на енергија

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска вети дека Германија ќе ја забрза транзицијата кон обновливи извори на енергија и оти ќе ја преразгледа својата нуклеарна политика. Во говорот во парлaментот таа најави детална контрола на безбедноста на нуклеарките во Германија. Опозицијата ја обвини Меркел дека на ваков начин таа сака да ја придобие јавноста и да го спречи, како што наведуваат, поразот на регионалните избори што треба да се одржат кон крајот на месецов.